Британската компанија Џонсон Мети во индустриската зона Скопје 1 во Бунарџик вчера постави камен темелник за својата втора фабрика за автомобилски катализатори. Во изградбата на новите погони со кои ќе се удвои капацитетот на фабриката ќе се вложат 60 милиони евра, а проектот за експанзија на британскиот инвеститор во Македонија ќе резултира со 100 нови вработувања. Џонсон Мети е една од најголемите гринфилд инвестиции во нашата држава, која чини над 120 милиони евра и според премиерот Никола Груевски реинвестирањето покажува дека во Македонија има плодна почва за вложување. Џонсон Метии е втората голема странска компанија која се решава за реинвестиција во Република Македонија. Тоа зборува за сигурност, за задоволство, за просперитет. Кога некоја компанија реинвестира во Македонија тоа значи дека е задоволна од почетната инвестиција, дека е задоволна од условите за работа, од комуникацијата со властите и од сите останати параметри што се потребни за добар бизнис.
Британската компанија Џонсон Мети во индустриската зона Скопје 1 во Бунарџик вчера постави камен темелник за својата втора фабрика за автомобилски катализатори.
Во изградбата на новите погони со кои ќе се удвои капацитетот на фабриката ќе се вложат 60 милиони евра, а проектот за експанзија на британскиот инвеститор во Македонија ќе резултира со 100 нови вработувања.
Џонсон Мети е една од најголемите гринфилд инвестиции во нашата држава, која чини над 120 милиони евра и според премиерот Никола Груевски реинвестирањето покажува дека во Македонија има плодна почва за вложување.
- Џонсон Метии е втората голема странска компанија која се решава за реинвестиција во Република Македонија. Тоа зборува за сигурност, за задоволство, за просперитет. Кога некоја компанија реинвестира во Македонија тоа значи дека е задоволна од почетната инвестиција, дека е задоволна од условите за работа, од комуникацијата со властите и од сите останати параметри што се потребни за добар бизнис - рече премиерот Никола Груевски, на поставувањето на камен-темелникот.
Тој истакна дека со ова бројот на вработените во компанијата се очекува да порасне на 500. Џонсон Метии е извозник број 1 од Македонија, а со новиот погон извозот дополнително ќе го зголеми.
Според директорот за еколошки стандарди во Џонсон Мети, Лари Пентц, од 2010 година, кога е отворена првата фабрика, Џонсон Метии во Македонија произвел речиси шест милиони автомобилски катализатори по најнови стандарди, наменети за лесни и тешки возила што ги произведува европската автомобилска индустрија. Ова, според него е доказ дека и во Македонија може да се прават производи од светски ранг.
- Оперативните активности се одобрени од нашите главни клиенти и се сметаат за носечки столб на овој оддел што претставува одлично сведоштво на способноста и посветеноста на нашите вработени овде во Скопје - нагласи Пентц.
За британскиот амбасадор во Македонија Кристофер Ивон соработката меѓу Џонсон Мети и Владата е пример како може да се одвива соработката меѓу Македонија и Велика Британија, кој треба да го следат и другите компании и инвеститори.
- Поддршката од институциите и реформите за водење бизнис во Македонија сигурно беа едни од клучните фактори Џонсон Мети да ја донесе одлуката за проширување. Со новите 60.000.000 евра кои ќе се вложат Џонсон Мети стана убедливо најголема гринфилд инвестиција во Македонија во која се вложени над 120.000.000 евра. Ако знаеме дека нивниот минатогодишен извоз е над 640.000.000 долари, оваа втора фаза значи дека ќе имаме дуплирање на извозот, кога фабриката ќе влезе во функција - рече директорот на Дирекцијата за техничко-технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо.
Џонсон Мети е британска компанија од чии погони излегуваат една третина од произведените автомобилски катализатори во светот. Во Македонија е присутна од 2010 година.